Thursday, February 27, 2014

ПРЕДЛОГ ФИЛМ: The Hunger Games

Share & Comment
  "The Hunger Games" или "Игрите На Гладните" е научно-фантастичен филм кој изобилува со авантура, акција, борба за опстанок, но воедно и љубов.


Режија: Гери Рос
Жанр: акција, авантура, научна фантастика 
Улоги: Џенифер Лоренс, Џош Хачерсон, Лијам Хемсворт, Вес Бентли, Вуди Харелсон, Лени Кравиц
Времетраење: 142 минути
Јазик: англиски
Премиера: 23 Март 2012




  Се се случува во Северна Америка во државата Панем. Главниот град е Капитол. Тој е грај исполнет со богатство и забава, доколку е опкружен со 12 пусти реони во кои секој се бори следниот ден да го дочека жив.
  Капитол ги држи реоните под контрола со што тој секоја година ги организира "Игрите на Гладните". Од секој реон, освен Капитол, се избираат по двајца претставници од различен пол помеѓу 12 и 18 години, наречени трибути, кои ќе го претставуваат и ќе се борат за својот реон на ужасните игри кои воедно претставуваат забава за Капитол. Таму трибутите ги ставаат во голема арена на отворено каде треба да се убиваат меѓусебно сè додека не остане само еден преживеан... а сето тоа другите го гледаат во живо на телевизија.
  
 Кетнис живее со својата мајка и помала сестра. На денот на избирањето, извлечено е името на нејзината помала сестра, па таа се јавува како доброволец и оди наместо својата сестра. Таа е силна девојка, добар ловец и борец и знае што значи да умираш од глад...
 Доколку би сакале да дознаете што ќе се случи понатаму, ако сакате да имате уште еден прекрасен, поучен филм. со задоволство ви го препорачуваме за го погледнете. Во продолжение можете да го погледнете трејлерот на истиот.




Tags: ,

Автор:

Ние сме блогери од прва година. Блогот е направен за целите на конкурсот „Кажи Нешто“.

0 коментари:

Post a Comment

 
Copyright © ONLINE ЖИВОТ | Designed by Templateism.com