Thursday, April 3, 2014

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРОТ НА СОУ.МЕТОДИ МИТЕВСКИ БРИЦО

Share & Comment

Го замоливме нашиот директор Митко Антовски ако може да му поставиме неколку прашања во врска со училиштето, а тој без размислување се согласи.

1. Ќе може ли накратко да ни кажете како изгледа еден ваш работен ден?    

- Работниот ден на директорот на училиштето е 24 часа зошто постојано има потреба да бидам ангажиран, јас треба да бидам меѓу првите во училиштето затоа што морам да ги согледам сите околности за да почне редовната настава. Со оглед на тоа дека имаме и втора смена присутен сум и на завршувањето на истата. Морам да ги контролирам потоа и вработените на спортската сала, што значи дека целодневен ангажман во консултација со колегите, со сите други вработени, за потребите на учениците и се друго.

2. Директоре според вас што претставува едно добро училиште?

- Добро училиште претставува една добра организација каде што се реализираат воспитнообразовните активности и каде што се постигнуваат резултати.

3. Дали според вас нашето училиште спаѓа во добрите училишта и дали сте задоволни од севкупната работа?

- Според сите параметри кои служат за отценување на едно училиште нашето спаѓа во добрите училишта. Тоа го покажува оценката од интегралната евалуација која ја имаме тројка а највисока е четворка. Понатаму високото место од државната матура, некаде 21-во место од 112 училишта како и извонредните резултати од екстерното отценување. Дали сум задоволен? Не сум задоволен затоа што секој пат може и подобро и се трудам да го направиме тоа односно  нашето училиште да се движи напред.


4. До кој степен училиштето ја остварува планираната визија и мисија за училиштето?

- Секој пат се поставуваат повисоки цели, некој пат се реализираат 100 %, меѓутоа никогаш неможе да се предвиди дека може се да се реализира. Некој пат во некоја област се постигнуваат повеќе резултати, во друга област под одредени околности не се постигнуваат очекуваните резултати.

5. Дали сте задоволни од учениците во училиштето и каков е вашиот однос со нив како директор и поранешен професор по историја?

- Неможеме да бидеме незадоволни од учениците бидејќи ние сме тие вработените што треба да ги насочиме во позитива, да им помогнеме во сите проблеми што ги имаат и да им укажеме на недостатоците. Мојата канцеларија  е секој пат отворена за сите ученици кои сакаат да поразговараат со мене  и како прва личност на училиштето, но ако треба и  од стручниот дел од мојата област како професор по историја.


6. Каков е успехот на учениците и на што се должи тоа?

- Успехот во нашето училиште е 3.74 според последните показатели, што значи дека е многу добар. Задоволен? Повторно е спецефично прашањето. Можеби ќе бидам задоволен кога ќе бидат сите отцени петки. Но и тогаш нема да бидам крајно задоволен бидејќи можат да се добиваат и награди. Но, во суштина, земајќи во предвид се во училиштето и можностите на учениците сум задоволен од постигнатите резултати.

7. Дали училиштето има развиен систем на наградување на учениците кои постигнале успех?

- Да, значи имаме правилник надгледување на учениците за освоени места на државен натпревар. Имаме исто така и за оние кои се континуирано одлични, имаат награда еднодневно патување во еден од градовите на Р.Македонија. Благодарници, дипломи, а секако дека понатаму ќе размислуваме и за други стимулации.

8. На кои натпревари нашето училиште учествувало и кои позначајни награди ги има добиено минатиот период?

- Учествува на сите натпревари во регионално ниво почнувајќи од историја, математика, македонски јазик и литература, странски јазици, нано материјали, натпревари по физика, хемија, спорт. Нека ми простат некои колеги ако ги имам заборавено нивните предмети, речиси на сите натпревари кои се на државно ниво учевствуваат наши ученици, а за постигнатите места бидејќи прашањето ви е прилично недефинирано за минатата година можам да кажам, за предминатата. Инаку имаме освојувано први места по математика, физика, историја, македонски јазик, рецитации и така натаму...

9. Кои изворни предмети се реализираат во училиштето и како се врши изборот на истите?

- Се реализираат повеќе изборни предмети, а изборот го вршат самите ученици со помош на анкета.

10. Дали ги подржувате учениците кои учевствуваат во воннаставни активности?

- Нашето училиште е репрезент во општината и секој пат се подржувани од тоа дека тие се потенцијалот на нашиот град.

11. Кои се вашите визии за нашето училиште?

- Визијата "Најдобро училиште во Македонија".


12. Кои активности ги презема училиштето да ги поттикне родителите да се вклучат во воспитнообразовната работа во училиштето?

- Значи постојаните апели, а да присуствуваат на состаноците, првенствено почнувајќи од класните заедници, понатаму вклученоста на родителите во советот на паралелките, во советот на училиштето, во училишниот одбор. Меѓутоа овде морам да признаам дека не сум задоволен со соработката со родителите бидејќи многу малку учевствуваат во креирањето на политиката на училиштето. Можеби од проста причина што сите информации можат да ги добијат од секојдневните контакти што ги имаме во градот, бидејќи ние сепак сме едно мало место каде секој со секој се знае и меѓусебно се информираме.


13. Кој е вашиот најголем приоритет за подобрување на наставниот процес за во иднина?

- Овде има повеќе сегменти, потреби. Најпрво стручното извршување на наставниот кадар кој перманентно се реализира и секако просторните можности. Вие сте сведоци на двосменското работење и знаете што значи прва, втора смена, губење на континуитет посебно втората смена. Близу сме до реализација на еден проект од европската заедница да добиеме средства за доградба на неколку училници со што ќе овозможиме едносменско работење а со самото тоа ќе имаме можност за поголеми активности на учениците во попладневниот период. Потоа дополнителни додатни, слободни активности, вашата креативност на крај на краиштата заедно со професорите ќе дојде до израз.

14. За крај, дали вашата професија им ја препорачувате на средношколците во вашето училиште?

- Јас уште како средношколец се определив за оваа професија. Оние кои сакаат да имаат благородна душа, сакаат да градат иднина нека ја прифатат оваа професија и овој предизвик.


Му благодариме на нашиот директор што ни дозволи да го направиме оваа интервју.

Tags: ,

Автор:

Ние сме блогери од прва година. Блогот е направен за целите на конкурсот „Кажи Нешто“.

2 коментари:

  1. Оn-line соработката меѓу учениците и наставниот кадар ќе го подобри квалитетот на наставата и соработката меѓу нив . Затоа ова треба да се практикува и потикнува и од двете страни. Браво за блогерите од оваа училиште кои отвараат една нова перспектива за соработка и комуникација.
    Ги охрабрувам да остварат уште многу такви комуникации во кои ќе се дискутира за ставовите на средношколците во врска со повеќе прашања што ги интересираат.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Фала на комплиментите и на поддршката, професорке.

      Delete

 
Copyright © ONLINE ЖИВОТ | Designed by Templateism.com