Saturday, March 29, 2014

„И ОВА Е ДЕЛ ОД ДЕЛЧЕВО“

Share & Comment

Успешна реализација на уште еден проект во кој главна цел беа младите од Делчево! 

Настанот „И ОВА Е ДЕЛ ОД ДЕЛЧЕВО“ организиран во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, се одржа на бул. Македонија (потпорен ѕид кај ОУ „Св. Климент Охридски“) на 29-ти март 2014 со почеток од 12 часот.



Еднодневниот настан имаше за цел:
  • Враќање на јавниот прстор на граѓаните
  • Подигнување на свеста на младите како и можноста за истражување на нините потреби
  • Обезбедување на простор за слободно изразување на младите
  • Поголеми можности за активност и креативност кај младите
Еве неколку фотографии со младите кои го реализираа овој настан: 
 



Во овој настан се вклучија група на млади луѓе кои придонесоа за разубавување на дел од јавниот простор во градот, промовирајќи неограничена слобода на изразување. Јавниот настан „И ОВА Е ДЕЛ ОД ДЕЛЧЕВО“ е иницијатива на група млади луѓе кои учествуваа на Летната академија 2013 како дел од Проектот на УСАИД за граѓаноско опшество. Овие млади луѓе се натпреваруваа во своите врсници од 13 градови за можност да се организира иницијатива за подобрување на нивната заедница како и да се обезбедат можности за учество на младите.


Проектот на УСАИД за граѓанско општество го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија во соработка со четири граѓански организации: Младински образовен форум, Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција.

Американскиот народ, преку УСАИД, има инвестирано околу 500 милиони американски долари во Македонија од 1993. УСАИД работи со луѓето од Македонија за да креира работни места, да се зајакнат демократските институции и практики, да се подобри интегрираното образование и студентите да се подготват за работна сила. Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на живот и ја поддржуваат македонската транзиција кон една стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. За повеќе информации посетете ја веб страницата  macedonia.usaid.gov   или  www.facebook.com/USAIDMacedonia.


Tags: ,

Автор:

Ние сме блогери од прва година. Блогот е направен за целите на конкурсот „Кажи Нешто“.

4 коментари:

  1. Mnogu kreativno

    ReplyDelete
    Replies
    1. Ви благодариме на поддршката

      Delete
  2. Вакви проекти се за поздравување , и не мора секогаш USAID да е организаторот - слични креативни проекти може да организираат и училиштата.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Убаво е да се види дека постои поддршка. Се надеваме дека ова ќе ги поттикне сите млади, но исто така и училиштата и целата општина. Благодариме на порддшката.

      Delete

 
Copyright © ONLINE ЖИВОТ | Designed by Templateism.com