Saturday, March 29, 2014

Вечерва вклучи се во акцијата - исклучи ги светилките!

Share & Comment

ТВОЈАТА МОЌ: ЗАСИЛЕНА, ЗГОЛЕМЕНА, ГЛОБАЛИЗИРАНА!

Петта година по ред, Македонија се вклучува во најголемата светска волонтерска акција “Часот на планетата Земја“, кога на 29 март (ВЕЧЕРВА) во 20:30 часот по локално време, ќе биде исклучено осветлувањето на многу познати споменици и објекти ширум светот.


Ајде да ја изразиме љубовта кон нашата планета, нека згасне светлото од 8:30 часот до 9:30 часот по локално верме во секој дом и на секој плоштад. Во акцијата со поддршка ќе се вклучи и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) како официјален координатор за климатските промени во Македонија, а втора година по ред и Црвениот Крст на Македонија со 35 општински организации. 


Часот на планетата Земја е најголемата волонтерска акција со еколошки карактер, која има цел преку симболично исклучување на светилките во период од еден час да се испрати силна порака за спас на плантета.


Ова е финалното видео од македонската кампања за Часот на планетата Земја, насловена "Вклучи се во акцијата - исклучи ги светилките" во кое учествуваат познатите личности кои се вклучија во нашата акција, но и останати личности кои ќе ги исклучат светилките на 29.03 во 20:30 часот!

Tags: ,

Автор:

Ние сме блогери од прва година. Блогот е направен за целите на конкурсот „Кажи Нешто“.

0 коментари:

Post a Comment

 
Copyright © ONLINE ЖИВОТ | Designed by Templateism.com