Thursday, March 6, 2014

Неколку идеи да ги изненадите вашите најблиски од понежниот пол за 8ми Март!

Share & Comment

8ми Март- ден, кога сите трчаат наваму - натаму и брзаат да го купат најубавиот подарок за своите мајки. Ден, кога секоја мајка очекува внимание, не пропуштајте ја приликата да и покажете на вашата мајка колку многу ја сакате и колку таа вистински ви значи.





Сакате да ја изненадите вашата мајка ама не знаете како, сега имате можност. Ќе ви бидат потребни само неколку листови хартија, лепило, ножнички, креативност и волја. 


Ако веќе купивте подарок и сакате да го украсите, искористето го овој пример и направете цвеќе кое ќе го привлече вниманието. А вам ви се потребни само неколку минути, хартија по ваш избор и малку лепило. 



Со овој, исто така украсен цвет можете да го украсите подарокот, местото околу подарокот или пак да направите огромен буќет од мали цветчиња. Се прави многу едноставно, а изгледа прекрасно.
 Мислите дека вашата мајка несака вештачки цвеќиња? На овие нема да може да им одолее, бидејќи вашиот труд е бесценет.


И за крај немојте да заборавите да и посветите неколку зборови на вашата мајка, направете сами картичка во која ќе и го честитате празникот и воедно ќе и ја искажете вашата љубов.


Еве неколку пораки кои можете да ги вметнете во картичката:
* Не само денес, туку секој ден ти си посебна и единствена во моето срце. Среќен 8ми Март, најмила. Те сакам најмногу

* Најмила моја, секој ден нека ти биде исполнет со среќа, љубов и смеа. Ќе направам се за да бидам городст твоја. Среќен 8ми Март.

* Среќен 8ми Март, најдрага. Ти си совршена жена и мајка, ти внесуваш светлина во нашиот дом. Денес, почуствувај се посебно како што ние се чувствуваме кога ти си покрај нас. 

* Јас те сакам тебе без разлика на тоа колку различни мислења имаме, колку често се расправаме, бидејќи јас знам, на крајот ти ќе бидеш секогаш тука за мене. Среќен 8ми Март

* Најмила мајко, ти секогаш ќе бидеш првата и единствената жена која јас толку многу ја сакам. 

* Ти благодарам што ми подари здив и прекрасен живот. Ти благодарам што секогаш се грижиш за нашето семејство, но те молам немој да заборавиш да се грижиш за себе. Ти благодарам што секогаш ме подржуваш и си тука за мене. Знам дека ова не е е доволно да ти се заблагодарам за твојата добрина, но биди среќна твојата среќа не исполнува сите. Со најголема љубов и искреност ти посакувам СРЕЌЕН 8ми МАРТ!

Долку имате ваши идеи или пораки споделети ги во коментар. Нека биде ова најубавиот 8ми Март досега.
Tags: ,

Автор:

Ние сме блогери од прва година. Блогот е направен за целите на конкурсот „Кажи Нешто“.

0 коментари:

Post a Comment

 
Copyright © ONLINE ЖИВОТ | Designed by Templateism.com