Friday, March 7, 2014

8-ми март - Меѓународен ден на жената

Share & Comment
Меѓународниот ден на жената е ден кој меѓународно го одбележуваме на 8-ми март секоја година. На тој ден се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со посилниот пол.

Најпрво, од страна на социјалистичкото движење се јавува идеја за одбележување на денот на жената во 20-от век и по иницијатива на Социјалистичката партија на САД, Денот на жената најпрво се одбележува на 28 февруари 1909 година во САД. Наредната година е одлучено Денот на жената да се прославува секоја година, но со неутврден датум. На 19 март, 1911 година, за прв пат се одржува Меѓународниот ден на жената во повеќе земји како што се Данска, Австрија, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 жените ширум Европа одржуваат мировни собири. За главни иницијатори и поттикнувачи се сметаат Клара Цеткин и Роза Луксембург како членови Социјалдемократската партија на Германија.


По победата на болшевците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8 март по прв пат е прогласен за државен празник. На запад во 1920-тите одбележувањето на 8 март пополека замре, додека пак оживеа во 1960-тите заедно со растеќот на феминизмот. Сепак, во ниту една западна земја, Меѓународниот ден на жената не е прогласен за државен празник.

Денес, како државен празник 8 ми март е прогласен во: Русија, Белорусија, Молдавија, Украина, Ерменија, Бугарија, Монголија, Узбекистан, Виетнам, Кина.
Во нашата земја, Меѓународниот ден на жената има само симболичен статус и нема политички конотации.

Tags: ,

Автор:

Ние сме блогери од прва година. Блогот е направен за целите на конкурсот „Кажи Нешто“.

0 коментари:

Post a Comment

 
Copyright © ONLINE ЖИВОТ | Designed by Templateism.com