Thursday, April 3, 2014

Неочекуваниот крај на „Како ја запознав мајка ви“

Share & Comment

Серијата која 9 години беше дел од секојдневието на повеќето од нас, со 9 сезони, заврши неочекувано. 

Тед и Трејси во иднината.
                                      
  Насловот ветува запознавање на Тед со мајката на неговите деца, но откако ја запознава во последната епизода, се случува нешто неочекувано. 
  Во сегашноста (2014 година) Лили и Маршал имаат син, Барни и Робин се венчаат а Тед ја запознава Трејси (мајката на неговите деца). Но, со текот на годините, се се менува. Робин и Барни се разведени, Робин станува светски позната новинарка, а Барни има ќерка со девојка која едвај ја познава. Од друга страна Маршал и Лили имаат три деца, додека пак Трејси, сопругата на Тед умира. 
  Во 2030 година, кога Тед ја завршува приказната за „Како ја запознав мајка ви“, а неговите деца му велат дека мајка им починала пред повеќе години, и е време тој да запознае друга личност. Така, тој ја кани Робин на средба, на сличен начин како нивната прва средба, во нивниот ресторан, со трубата која ја украдоа првиот пат.


Заедничка прегратка за збогување.

Робин и Барни во Јужна Америка, пред да се разведат.

Тед, Трејси и нивните деца.
Венчавката на Тед и Трејси.

Трејси  во смртна постела.
Тед ја запознава Трејси.

Тед и неговите деца - Пени и Лук.
Робин ја запознава Пени.
Барни и неговата ќеркичка.

Поради неочекуваниот крај на серијата се јавија бројни критики од страна на критичарите како и на публиката. Затоа, фановите создадоа совршен крај за серијата. Погледнете го.





Tags: , ,

Автор:

Ние сме блогери од прва година. Блогот е направен за целите на конкурсот „Кажи Нешто“.

0 коментари:

Post a Comment

 
Copyright © ONLINE ЖИВОТ | Designed by Templateism.com