Saturday, April 5, 2014

Направи сам - 3 модни парчиња за топлото време

Share & Comment
Пролетта ни пристигна, а со неа и сонцето и потоплата клима. Веќе е време да го средиме плакарот и да додадеме нешто ново.
Ви предлагаме да ја искористите вашата креативност и да ги искористите старите работи кои сакавте да ги исфрлите од вашиот плакар.

1. Романтични шорцеви
Романтичните, летни чипкани шорцеви се идеално парче кое треба да го додадете во вашата летна колекција.


Се што ви е потребно:
  • бели тесни шорцеви
  • летна бела чипка
  • лепило

Препорачливо е шорцевите да бидат со висока половина. Со лепењето се започнува од работ на половината, без да се сече чипканата лента. Лепете прецизно, рамномерно со правилни потези се до крајот на двете ногавици. На крајот на работ, залепете уште една лента за да биде проѕирна на вашите нозе.

2. Маичка со машнички на грбот
Доколку имате многу обични маички и дел од нив сакате да ги фрлите бидејќи не ви служат, искористете го вашето слободно време и претборете некоја од нив во убава маичка со машнички на грбот.

Се што ви е потребно:
  • стара маичка
  • друг материјал што одговара со бојата на маичката
  • ножици
  • игла и конец
  • машина за шиење
Најпрво започнуваме со отсекување на задниот дел на маичката. Од другиот материјал се сече едно помало и едно поголемо парче, во согласност со отсечениот дел од маичката. Од одсечените парчиња правиме машнички онолку колку што ни се поребни. Потоа машничките се оформуваат со помош на игла и конец. За крај, со машината за шиење маичката се порабува и се прикачуваат машмичките на соодветните места.
3. Лента за коса
Лентата за коса е неизбежен додаток кој треба да го имате во вашата летна колекција. Можете да ја направите сами по ваша желба на боја и материјал.

Се што ви е потребно:
  • материјал (по можност еластичен)
  • игла и конец
Започнуваме со сечење на две еднакви парчиња од материјалот соодветни на големината на вашата глава. Краевите ги зашивате и ги пресвиткувате меѓусебно на средината. Четирите краеви заедно ги зашивате. 



Tags:

Автор:

Ние сме блогери од прва година. Блогот е направен за целите на конкурсот „Кажи Нешто“.

0 коментари:

Post a Comment

 
Copyright © ONLINE ЖИВОТ | Designed by Templateism.com