Friday, April 4, 2014

ЧУДОТО НА ДАВИД МОЈЕС

Share & Comment

Сите царства пропаднаа, па ќе пропадне и ова на Баерн.


Замисли го ова: Еден пролетен ден, попладнето, на слободен ден, одеш одиш по улицата со девојката или жената, безгрижно се досадуваш додека таа гледа излоги, го влечеш ќесето и се правиш дека не ги гледаш во одсјајот сите оние лепотици кои шепотат позади тебе. И тогаш ти ѕвони телефонот. "Дојди веднаш", ти кажува добро познат глас од другата страна. Глас кој влева страхопочит со самото појавување.
Одиш, така во тренерки и мајца, а тој човек ти кажува: "Слушај, одлучив да бидеш мој наследник. Еве ти ги клучевите од мојата куќа, клучевите од моето бентли, еве ти шише од најстарото вино кое го имам, еве ти ја мојата работа - за која, некои знаеш велат дека е најдобрата работа во светот. Работа која ќе ти донесе милиони обожаватели, радост за која не си ни сонувал. Ова не е "земи или остави". Ова е понуда која неможеш да ја одбиеш.
Што да направиш? Дали да се учтиво заблагодариш, кажеш "Ти благодарам уважен чичко, но не сум јас за тоа", бидејќи во шокот кој го доживуваш се појавила сумња? Или пак да немо кимнеш со главата, како што би сите други направили?
Давид Мојес менаџерот на Евертон кој претходното лето доби истоветен повик од сер Алекс Фергусон, кимна со главата пред лицето на фудбалскиот гениј. Само што, како хорор во филмовите, ја изгубил сета крв на лицето.
Се вратила, после месеци и месеци смртно бледило, дури во вторник навечер (01.04.2014), кога Јунајтед ја одигра својата најхрабра утакмица за Давид Мојес, поточно 1:1 со Баерн Минхен.

Без желба да го напаѓа противникот од сите страни како Фергусон, Мојес се задоволи со она што старите коментатори сакаат да го викаат "типичен островски фудбал", знаејќи дека тој е најјак. Тој принцип го усоврши во Евертон: да му ја дадеш топката на противникот, да му ја препуштиш средината на теренот, на центарот поставиш играч кој нема да го интересира дури ни прецизно да ја подаде топката, туку само на разиграните, бели, германски лавови да им се заканува со кршење на коските, на останатите им наредиш да бидат дисциплинирани како роботи, ставиш 2 брзи крила да трчат ги гонат корните и слободните удари, а потоа стискаш палци да ти се деси некој капитен Видич.
Планот беше совршен и можеби единствен кој во такви услови го спаси Мојес и Манчестер.


Навистина, неможеше во подобар момент на Мојес да му се деси Баерн. Само чудо можеше да го спаси менаџерот, а чуда во фудбалот се дешаваат само кога ги испровоцирате, кога ги тражите како што капитенот Џон Пиплфокс упорно го лоцира својот седмоглав змеј знаејќи дека е чудовиште, само ако го совлада, може да преживее
А Баерн не е глупав змеј, туку совршен функционален систем, последица од опсесивно - кумплусивно нарушување кое Гвардиола го присилува да доминира на теренот. И сепак се малку досадни, има многу кои ќе ги превртат очите на тика-така, ќе се прозеваат додека оној бројач за посед на топката ќе стигне до 70 проценти, меѓутоа досадни на начин на кој ни се досадни убавите жени. Онаа совршено дотерана и недодирлива, во штикли со црвен ѓон и со цигара на чиј филтер останува кармин... Онаа која никогаш нема да ја имаш, што те боли и прободува негде длабоко во срцето и стануваш се повеќе љубоморен и лут.
Така, од љубомора и лутина, и фудбалските фанови ширум светот зборуваат лошо за Баерн, сакаат Гвардиола да пропадне, вреѓајќи го Рибери - бидејќи човекот сепак не е убав како Роналдо или пак елегантен како Меси
Навистина, сите царства пропаднаа - некои малку побрже под инвазија на варварите - па ќе падне и ова на Баерн. Како што кажуваат сите оние кои тагуваат за Алекс Фергусон, пропадна царството на Јунајтед, чија престолнина го доби името "Театар на соновите".
Ама дали е за тоа крив само Давид Мојес? Или пропаста почна да цути пред неколку години. И што ќе се деси ако - а не е во фудбалот толку тешко да се замисли - Давид Мојес и Манчестер Јунајдет, баш онакви како што се, освојат Лига на шампиони во Лисабон 24 Мај 2014, петнаесет години откога во еден друг град го воведоа Фергусон во бесмртност.  


Неизбежни паралелно во првата сезона Рафа Бенитез и Мојес наследиа уморен, потрошен тим, ни еден од нив немаше доволно време да избере свои играчи, а преминот од Валенсија во Премиер Лига е исто трагичен како и преминот од Евертон, каде што секое петто и шесто место на табелата се посматраше како голем успех, и каде што четвртата позиција и квалификацијата во Лигата на шампионите се прославуваше како титула, во Јунајтед, машинеријата која собра повеќе сребро од швајцарската банка.
Првата првенствена сезона на Бенитез беше потполно разочарување, каде што смешно испадна од ФА Купот од Барнли.
А потоа му се деси Лига на шампиони. Оној гол на Џерард за 3:1 против Олимпијкос, па потоа премногу лесното поминување на Леверкузен, па дуелот со Јувентус, меч во кој Барош, Траоре, Бишчан и Ле Талек - играчи кои настапиа против моќните Италијани - не даваа многу шанси.
Но, големите клубови се големи клубови, а поентата во овој спорт е да одиграш добра игра дури и кога ти поделат лоши карти. Ливерпул и Бенитез го дознаа тоа на мократа ноќ на Енфилд и во суровата магла на Деле Алпија. Посте тоа се беше возможно, па и да се помине Челси, па и да се вратиш од 0:3 во Истанбул, и да од петто место во Премиер лигата, да бидеш првак на Европа.
Ако Мојес на Олд Трафорд фатил макар мал дел од тој дух, ако сватил дека мора да заборави на телефонскиот повик од човекот со црвен нос, ако укапирал дека својата судбина мора сам да пише, тогаш "Театарот на соновите" може одново да режира представа која ќе ја воодушеви публиката.
Бидејќи Баерн, таа нефатлива лепотица на европскиот фудбал во 1999 година кога почнаа на големо да слават паднаа.

Tags:

Автор:

Ние сме блогери од прва година. Блогот е направен за целите на конкурсот „Кажи Нешто“.

0 коментари:

Post a Comment

 
Copyright © ONLINE ЖИВОТ | Designed by Templateism.com