Friday, March 28, 2014

ИНТЕРВЈУ: Сенди Мериган од Мировниот Корпус - МК

Share & Comment

За Англиска верзија од интервјуто, кликнете овде.

Сенди Мериган е волунтер од Мировниот корпус. Ако сакате да се запознаете подобро со неа, нејзините планови и мислења за Македонија, прочитајте го интервјуто.

  1. Добар ден, како се викате и каде живеевте пред да дојдете овде?
    Здраво. Моето име е Сенди Мериган. Всушност, се викам Сандра, но сите ме викаат Сенди. Јас и мојот сопруг живеевме во Sunriver, Origon, во близина на Калифорнија.
  2. Па, здраво Сенди. Кога за прв пат дојдовте во Македонија?
    Ние дојдовме во Македонија на 1 Декември минатата година. Пристигнавме во Македонија во Септември, но живеевме во Пробиштип 2 ипол месеци, за да го научиме јазикот.
  3. Како го поминувате своето време овде во Делчево?
    Работам како професорка по Англиски во „Ванчо Прќе“. Јас сум волунтер, и работам со четири професори по Англиски јазик. Присуствувам на нивните часови, и им помагам на учениците со јазикот. Живеам овде околу 1 година и четири месеци, прилично долгу сум овде. Јас и мојот сопруг навистина уживаме овде. Луѓето се многу грижливи, постојано ни даваат домати, понекогаш и тегли со ајвар. Многу се љубезни. Имаме прекрасни комшии. Тие се на наша возраст и не зборуваат Англиски, но постојано доаѓаат за да проверат дали ни треба нешто.




  4. Дали ви се допаѓа нашиот град?
    Овде се чуствувам безбедно, местото е тивко. Можам да одам по улиците дури и преку ноќ, и воопшто не ми е страв. Ние сме навистина среќни овде. Поголем дел од денот го поминувам во училиштето, успеав да ги запознаам сите професори, па и повеќето од учениците. Постојано ми велат „здраво“. Многу се дружељубиви, навистина ќе ми недостигаат кога ќе се вратам во Америка. Еднаш во седмицата имам „Англиски клуб“, се обидувам да им помогнам на учениците со нивниот англиски. Дури и по улиците, постојано ме отпоздравуваат.,
  5. Дали научивте некои зборови на Македонски? Или пак цели реченици.
    Хахаха, научив прилично многу. „Ми треба помош“, „Врне снег“, „Баба Марта“. Го видов штркот и ја закачив мојата „мартинка“. Си замислив желба. Посакав мојот син да се ожени наскоро. Научив и дијалект, „арно“, „китки“, „дека“, „комши“. Ми се допаѓа традицијата. Исто така и „орото“. За осми март бев во ресторан со моите колешки и игравме многу. Ми се допаѓаат инструментите. Ми се допаѓа тапанот, гајдата, саксофонот, фолк фестивалите... Бевме на „Слива фест“ и многу ни се допадна. Бевме на сурова два пати. Божиќ исто така е прекрасен празник.
  6. Можете ли да ги споредите Македонија и Америка?
    Луѓето често ме прашуваат. Тешко е да се каже. Америка е толкуу голема, а Делчево е мало гратче. Но, и ние имаме мали гратчиња како Делчево. Имаме и огромни градови, како „Њујорк“, „Лос Анџелес“. Ми се допаѓа Скопје, изгледа големо покрај Делчево. Одиме таму еднаш месечно, одиме во „Скопје Сити Мол“ и во рестораните. Ми се допаѓа „Калето“. Мислам дека е направено од Турците. Овде имаме видено многу нешта кои не можат да се видат во Америка. Таму немаме видено луѓе со магариња и коњи, но овде е нормално.


  7. Какви се вашите планови за иднината? Дали ќе останете овде или ќе се вратите во Америка?
    Мировниот корпус трае само 2 години, па ќе се вратиме на 1ви Декември, оваа година. Имаме син и куќа во Америка. Но, ќе се враќаме овде, ќе доаѓаме на 2-3 седмици за да ги видиме нашите пријатели овде. Соседите се многу тажни затоа што ќе си тргнеме. Имаме само уште 8 месеци, а времето лета. Има многу работи во Делчево поради кои ќе ни биде тешко да си тргнеме.  
Tags: ,

Автор:

Ние сме блогери од прва година. Блогот е направен за целите на конкурсот „Кажи Нешто“.

6 коментари:

 
Copyright © ONLINE ЖИВОТ | Designed by Templateism.com