Џоли по втор пат ја има улогата на режисер. Нејзиниот нов филм "Unbroken" е базиран на вистинска приказна за воениот херој Луи Замперини, кој за време на Втората светска војна бил заробен и мачен од Јапонците.
Филмот е историска драма во кој е опишан мачниот живот на Замперини кој бил учесник на Олимписките игри во 1936 година, а за време на Втората светска војна бил дел од военото воздухоплопловство на САД.
Во Април 1942 година, Замперини и двајцанегови сопатници преживеале авионска несреќа. Пловеле по Тихиот Океан цели 47 дена, ја собирале водата од дождот и со неа ја гаснеле жедта додека пак се хранеле со мали живи риби. Кошмарот на Замперини сеуште продолжил бидејќи бил заробен од Јапонците и мачен до крајот на Втората светска војна.
Филмот ќе започне да се прикажува во киносалите на 25 декември. Филмот е сниман спорен бестселерот "Unbroken: A world II Story of Survival, Resilience, and Redemption".
Во Видеото се покажува и 97-годишниот старец Замперини.
Погледнете го трејлерот.
0 коментари:
Post a Comment