Wednesday, March 5, 2014

Изненадувачки: Внимавајте со која WI-FI мрежа ќе се поврзете, вирусите не стојат во место!

Share & Comment

Не верувавте дека додека седите во кафуле, ресторант, чекате на автобуската станица или на аеродорм вашиот компјутер може да го „нападне“ вирус само со вклучувањето на некоја од отворените WI-FI мрежи. Па, ДА сега тоа е возможно. 


Научниците од Електротехничкиот универзитет во Ливерпул создадоа вирус кој лесно се приспособува на секакви услови, но неговата најважна карактеристика е тоа што тој се пренесува преку воздухот. Да, тоа ќе ве потсети на органските вируси кои многу лесно преку воздухот се пренесуваат меѓу луѓето. На хакерите доволно им е само да успеат да го вместат во слободните WI-FI мрежи, а останатото го врши „паметниот“ вирус, кој не случајно го нарекле Камелеон. Неговото име ни укажува на тоа дека тој има способност да се прилагоди на околината, но и да им се сокрие на анти-вирусните програми кои што обично штитат од вируси во компјутерот или на интернет. Основна задача на овој вирус е да ја заобиколи евентуалната слаба мрежа и да ги собере информациите од сите компјутери приклучени во тој момент на нападнатата WI-FI мрежа. Проблемот е што тој не влијае на нормалното работење на приклучените компјутери, па затоа корисникот неможе да го забележи. 
              
Затоа се препорачиваат заштитените WI-FI мрежи, бидејќи овој вирус многу потешко може да навлезе во нив. Сепак постои и таа можност, но засега доволно е да внимавате додека сте приклучени на некоја од слободни WI-FI мрежи да не внесувате лозинки. Антивирусните програми не исклучувајте ги, затоа што не знаете вирусите каде можат да ја однесат вашата приватност и вашите лични документи. 

Tags:

Автор:

Ние сме блогери од прва година. Блогот е направен за целите на конкурсот „Кажи Нешто“.

0 коментари:

Post a Comment

 
Copyright © ONLINE ЖИВОТ | Designed by Templateism.com