Thursday, March 27, 2014

ПРЕДЛОГ КНИГА: Подмолна убавина - Ребека Џејмс

Share & Comment
  Во животот можеме да избегаме од се, освен од нашата совест и нашата судбина...
  Поради нејзиното макотрпно минато, некогашната Кејти Бојдел, сега позната како Кетрин Патерсон, се преселува во град во кој никој не ја познава, кај нејзината тетка. Сакајќи да избега од минатото навлегува во лавиринт од кој не може да најде излез.
  Мислејќи дека покрај Алис, најпопуларната девојка од училиштето, ќе успее да започне од почеток е во голема заблуда. Алис е толку добра, убава, дружељубива, што Кетрин мисли дека таа едноставно е совршена. Се додека не се среќава со други од нејзините особини - лакомоста, алчноста, љубомората, себичноста. Но, и покрај се Кетрин наоѓа причина за да остане покрај Алис, оправдувајќи ја секоја нејзина постапка.
  Но, кога Алис ќе ја тргне маската, Кетрин ја запознава најмонструозната личност во нејзиниот животот. Но, која е тајната што ја крие Алис и што ја прави толку монструозна? Прекрасен морничав трилер кој нема да го испуштите од раце се додека не ги дознаете сите тајни на јунаците.

Tags: ,

Автор:

Ние сме блогери од прва година. Блогот е направен за целите на конкурсот „Кажи Нешто“.

0 коментари:

Post a Comment

 
Copyright © ONLINE ЖИВОТ | Designed by Templateism.com