Friday, March 7, 2014

Големо финале - X Factor Adria

Share & Comment

СУПЕРФИНАЛИСТИ на „X-FACTOR ADRIA“ се: Тамара, Даниел, Маид, Лукијан и група „Доктори“!

Последната уживо емисија на мегапопуларното шоу "X Factor" предизвика бурни коментари на друштвените мрежи поради конечните одлуки на судиите на X Factor за тоа дали Илма Карахмет да го напушти натпреварувањето. После сјајните изведби на сите финалисти, во дуели овој пат, благодарејќи на гласовите од публиката, се најдоа Маид Хечимович и тинејџерката Илма Карахмет, која после гласањето на жирито го напушти ова престижно натпреварување. Веднаш после централната емисија, во емисијата "X Star" Илма им покажа на гледачите колку и е жал што испадна, а дека беше многу емотивно видовме и на лицето на водителката Уна Сенич која во еден миг и заплака.

Даниел Кајмаковски























После завршетокот на емисијата суперфиналистите: Тамара, Лукијан, „Доктори“ и се разбира Даниел им честитаа на Маид и Илма, а како што се зборува, не можеле да се одлучат на кого би го тие дале својот глас! „И двајцата беа фантастични!“ - се чу позади сцената, додека Маид Хечимович после емисијата рече: „Илма има вонсериски талент и сигурно е идна велика ѕвезда! Жал ми е што испадна, но ми е драго што јас одам во суперфинале! Им благодарам на сите што гласаа за мене, посебно им благодарам на жирито што ми даде шанса! Ова беше најемотивна вечер до сега!“. Талентираната девојка од градот Кисељак била разочарана, како и нејзините родители и фанови, а после централната емисија је изјавила: „Незнам што да кажам... Драго ми е што стигнав до тука, но секако ми е жал што испаднав... Идеме понатаму, животот е пред мене...“. На друштвените мрежи се води голема политика кој требало да испадне од натпреварувањето во вторникот, но она што е сосема сигурно е дека сите натпреварувачи добија прилика да, благодарејќи на Х Factor, го покажат својот пејачки дар и да за кратко време станаа миленици на публиката! Гостите во последната уживо емисија беа легендарка група Парни Ваљак, поп пеачката Ана Станич и Наташа Беквалац, а како изненадување на вечерта настапи и бившиот натпреварувач на X Factor Славко Калежич.


Во супер финалето на 23-ти Март во Комбанк Арена ќе се борат: Тамара Миланович, Лукијан Иванович, Маид Хечимович, „Доктори“ и Даниел Кајмаковски! 




Tags:

Автор:

Ние сме блогери од прва година. Блогот е направен за целите на конкурсот „Кажи Нешто“.

0 коментари:

Post a Comment

 
Copyright © ONLINE ЖИВОТ | Designed by Templateism.com