Saturday, March 1, 2014

Забавен тест: Колку сте интелигентни?

Share & Comment
Забавата може да започне! Обидете се да ги одговорите прашањата без многу размислување и по редослед, проверете колку од вашите одговори се точни. Потоа според бројот на неточно одговорени прашања проверето го вашето ниво на интелегенција. Можеби ќе се изненадите!


Одговорите се кријат подолу, но БЕЗ ѕиркање!
Еве ги прашањата:

1.
Дали во Австралија постои 23. Декември?

2.Авионот се срушил на канадско - американската граница. Каде ќе ги погребат преживеаните патници?

3. Ако во кибритот имаш само едно чкорче и влезеш во темна соба во која се наоѓаат: петролејка, плинска светилка и печка на дрва, што прво ќе запалиш?

4. Што било пред 1918 година?

5. Ако под полна Месечина фрлиш камен во Црно Море, што ќе се случи?

6. Што пишува на монета од 3 денари?

7. Колку пати за период од 24 часа минутната стрелка преминува преку часовната стрелка?

8. Колку e 10 и 30?

9. Колку родендени има мајката на 3 деца?

10. Докторот ти дал 3 таблети, да ги пиеш по една на секој пола час. Колку долго ќе ги пиеш?

11. Дали е можно во Холандија да се венчате со сестрата на својата вдовица?

12. Ти си мој син, а јас не сум ти татко. Што сум ти јас?

13. Ако легнеш во 8 часот и го навиеш часовникот да ти ѕвони во 9 часот, колку време ќе спиеш?

14. Ако денес на пладне паѓа многу дожд, може ли за 36 часа да се очекува силно сонце?

15. Ако на човек му се отсече десната рака, колку прсти ќе му останат?

16. Бел петел снесол јајце на шпанско-португалската граница. Чие е јајцето? 

17. Некои месеци имаат 30, а некои 31 ден, колку месеци во годината имаат 28 дена?

18. Дали е можно човек кој живеел северно од Њујорк да биде погребан западно од Мисисипи?

19. Јаболницата има 3 гранки, на секоја гранка има по 3 гранчиња, на секое гранче има по 3 плодови, секој плод има 3 семки. Колку крушки има на дровото?

20. Сонуваш дека си во темен тунел, од едната страна доаѓа воз, од другата страна змеј. Што ќе направиш?

Одговори:

1. Дали во Австралија постои 23. Декември?
- Да

2.Авионот се срушил на канадско - американската граница. Каде ќе ги погребат преживеаните патници?
- Никаде, бидејќи не се мртви

3. Ако во кибритот имаш само едно чкорче и влезеш во темна соба во која се наоѓаат: петролејка, плинска светилка и печка на дрва, што прво ќе запалиш?
- Кибритот

4. Што било пред 1918 година?
- 1917

5. Ако под полна Месечина фрлиш камен во Црно Море, што ќе се случи?
- Ќе потоне

6. Што пишува на монета од 3 денари?
- Не постои таква монета

7. Колку пати за период од 24 часа минутната стрелка преминува преку часовната стрелка?
- 22 пати

8. Колку e 10 и 30?
- 10 и пол.

9. Колку родендени има мајката на 3 деца?
- Само еден, нејзиниот.

10. Докторот ти дал 3 таблети, да ги пиеш по една на секој пола час. Колку долго ќе ги пиеш?
- За 1 час.

11. Дали е можно во Холандија да се венчате со сестрата на својата вдовица?
- Не, бидејќи веќе си мртов

12. Ти си мој син, а јас не сум ти татко. Што сум ти јас?
- Мајка

13. Ако легнеш во 8 часот и го навиеш часовникот да ти ѕвони во 9 часот, колку време ќе спиеш?
- 1 час

14. Ако денес на пладне паѓа многу дожд, може ли за 36 часа да се очекува силно сонце?
- Не, ќе биде полноќ

15. Ако на човек му се отсече десната рака, колку прсти ќе му останат?
- 15

16. Бел петел снесол јајце на шпанско-португалската граница. Чие е јајцето? 
- Петелот неможе да снесе јајце

17. Некои месеци имаат 30, а некои 31 ден, колку месеци во годината имаат 28 дена?
- Сите

18. Дали е можно човек кој живеел северно од Њујорк да биде погребан западно од Мисисипи?
- Не

19. Јаболницата има 3 гранки, на секоја гранка има по 3 гранчиња, на секое гранче има по 3 плодови, секој плод има 3 семки. Колку крушки има на дровото?
- Ниедна, бидејќи не растат круши на јаболкница

20. Сонуваш дека си во темен тунел, од едната страна доаѓа воз, од другата страна змеј. Што ќе направиш?
- Ќе се разбудите

РЕЗУЛТАТИ:
Според бројот на неточно одговорени прашања дознајте го нивото на вашата интелегенција. Не сваќајте го овој тест сериозно, ова е само забава!

0 = супер интелигентен, генијалец
1-2 = многу интелигентни
3-4 = прилично интелигентни
5-7 = просечно интелигентни
8-10 = приглупи
11-14 = сомнителен за околината
15-17 = идиот
18-20 = многу опасен за околината


Ги очекуваме вашите резултати во коментар. 

Tags:

Автор:

Ние сме блогери од прва година. Блогот е направен за целите на конкурсот „Кажи Нешто“.

1 коментари:

  1. 3-4 = прилично интелигентни xaxaxa

    ReplyDelete

 
Copyright © ONLINE ЖИВОТ | Designed by Templateism.com