Sunday, March 2, 2014

12 цитати кои ќе ви откријат многу за вистинското пријателство

Share & Comment

Пријателите се личностите кои сами ги бираме да бидат дел од нашиот живот и пријателствата навистина траат вечно ако ги негуваме и чуваме. Еве неколку цитати на познати личности кои оставиле голем впечаток:


  • „Секој е твој најдобар пријател кога си успешен. Но внимавај луѓето со кои си опкружен да бидат оние со кои не се плашиш да паднеш.“ – Пола Абдул
  • „Мојот најдобар пријател е оној кој кога ми посакува сè најдобро го посакува тоа за мое добро.“ – Аристотел
  • „Работите никогаш не се толку страшни кога имаш најдобар пријател.“ – Бил Ватерсон
  • „Мојот најдобар пријател е оној кој го извлекува најдоброто од мене.“ – Хенри Форд
  • „Најдобриот пријател е како детелина со четири лисја. Тешко е да се најде, но среќен си ако ја имаш.“ – Сара Џесика Паркер

    Но, тука се и цитатите на непознати луѓе кои ја дознале вредноста на вистинското пријателство 

  • „Пријателите те честат ручек, најдобрите пријатели го јадат твојот. “ – Непознат автор
  • „Непознатиот ти забива нож од напред, пријателот во грб, партнерот во срце, но најдобрите пријатели само се подбуцнуваат со сламка.“ – Непознат автор
  • „Најдобар пријател: оној на кого не можеш да му бидеш лут долго бидејќи имаш важни работи кои мора да му ги кажеш.“ – Непознат автор
  • „Најдобрите пријатели не мора да разговараат секој ден. Може да не разговарате и со недели, но кога ќе се видите, исто како да не сте прекинале со зборување.“ – Непознат автор
  • „Добриот пријател ги знае твоите приказни. Најдобриот пријател ги проживеал заедно со тебе.“ – Непознат автор
  • „Најдобри пријатели се оние кои твоите проблеми ги сметаат за свои само за да не мора да минуваш сам низ нив.“ – Непознат автор
  • „Најдобриот пријател може да ти ги каже работите кои не сакаш да си ги кажеш самиот.“ – Непознат автор
Tags: , ,

Автор:

Ние сме блогери од прва година. Блогот е направен за целите на конкурсот „Кажи Нешто“.

0 коментари:

Post a Comment

 
Copyright © ONLINE ЖИВОТ | Designed by Templateism.com