Monday, March 3, 2014

ФОРМУЛА 1: ШОК - Михаел Шумахер

Share & Comment

ЛОНДОН - Докторите, кои се грижат за здравствената состојба на седмократкиот светски шампион на Формула 1 Михаел Шумахер, ја предупредија фамилијата на познатиот германски возач дека тешки денови се пред нив. Лекарите на француската универзитетската болниц во Гренбл претходната недела го започнаа процесот за будењето на Шумахер со намалувањето на дозата на седативи, а еден од знаците за подобрување е и тое дека на кратко ги отворил очите. 

“Будењето од кома не е воопшто такво какво што се претставува во филмовите. Тоа е постепен процес кој може да трае неколку дена или недели. За фамилијата, стравот за тоа дали пациентот ќе преживее го менува стравот за тоа што иднината доноси и како ќе оздрави целосно. Да поедноставам, ефектите од повредата на мозокот можат да бидат разочарувачки и да траат цел живот. Можат да променат се: одење, говор, размислување и чувствување. Можат да ја променат личноста, како и способностите на личноста“, вели Лук Григс, потпарол на хуманитарната организација Хедвеј, која помага на луѓето кое претрпеле поведа на мозокот. 

Водачот на емисијата “Топ Гир“ Ричард Хемонд, кој беше во кома 2006 година после несреќата за време на снимањето, објасни колку време би можело да потрае процесот на оздравување.    “Се ми стана важно покасно кога сватиф што се случило. За Михаел во овој момент, тешка реалност е да нема никакви разлики. Во овој момент, фамилијата е таа на која влијае се. Со неговата фамилија сум и со сите оние околу него, бидејќи неможат ништо да направат освен да се надеваат дека ќе му биде подобро. После несреќата ми беше потребно доста време да прифатам што се случило, бидејќи што се однесува до мене,како само да лежев на креветот. Мојата сопруга Минди тешко ја поднесе веста за Михаел, бидејќи на неа се и се врати во времето кога таа се грижеше за мене“, наведе Хемонд. Неврохирургот Питер Киркратрик од болницата во Кембиџ изјави дека е многу неверојатно Шумахер да оздрави целосно. 


Германецот Михаел Шумахер е во вештачка кома од 29 декември после тешкиот пад од скијање во Франција, кога со главата удрил во карпа. Седмократниот светски шампион во Ф1 од тогаш 2-пати имаше операции во болницата во Гренобл, Франција.
Tags:

Автор:

Ние сме блогери од прва година. Блогот е направен за целите на конкурсот „Кажи Нешто“.

0 коментари:

Post a Comment

 
Copyright © ONLINE ЖИВОТ | Designed by Templateism.com