Sunday, March 30, 2014

Децата помали од 2 години се повеќе користат мобилен телефон и таблет

Share & Comment

Со досега направените истражувања докажано е дека дури 38% од децата помали од 2 години се повеќе користат мобилни телефони и таблети. Во споредба со останатите медиуми, гледаноста на телевизијата останала иста, бројот на деца корисници на компјутер се зголемува од 2% на 10 % во период од две години, додека пак гледаноста на DVD опаѓа. Во 2011 процентот бил 52, а сега е 46%.


Во извештајот на организацијата "Комон сенс медија" е наведено дека две од пет деца користат мобилни телефони и таблети уште пред да прозборат.
     
Истата организација со спроведено истражување потврдила дека 30% од децата помали од 2 години мобилните телефони ги користат за играње видео игри, гледање видеа и слично. Во 2011 процентот изнесувал 10 отсто.
     
-Ова е знак дека пристигна дигиталната генерација - изјавува Џим Стејер - основачот и директорот на организацијата "Комон сенс медија", со оглед на тоа дека 72 деца до осум години користат паметни телефони, таблети и слично.
     
Во споредба со останатите уреди, истражувањата покажуваат дека децата се повеќе користат мобилни телефони. Не само што бројот на деца корисници е поголем, туку и временски ги користат се подолго. Во 2011 година, деца до осум години во просек поминувале по пет минути на телефоните, додека пак сега таа бројка е зголемена на 15 минути.
     
Американската агенција на педијатри им препорачува на родителите да го ограничат времето на нивните деца при користење на овие уреди и да ги научат истите да ги користат за едукација. Компаниите кои ги произведуваат овие уреди треба да направат "етичка и вредна" технологија, така што таблетите и телефоните да не предизвикуваат зависност, туку да образуваат и да ја штитат приватноста.
Tags:

Автор:

Ние сме блогери од прва година. Блогот е направен за целите на конкурсот „Кажи Нешто“.

0 коментари:

Post a Comment

 
Copyright © ONLINE ЖИВОТ | Designed by Templateism.com