Friday, February 28, 2014

ФУДБАЛ: Реал Мадрид

Share & Comment

Трите најдобри играчи на екипата на Реал Мадрид Роналдо, Бензема и Бејл заедно имаат постигнато повеќе од 70 голови.


Последниот пораз на „Кралевите“ им беше на „Ел Класико“ 2:1 со Барселона, меч одигран во oктомври минатата година. После тоа фудбалерите на Реал Мадрид бележат серија од фантастични резултати. На 28 меча во сите конкуренции немаат забележано пораз, со 24 победи и 4 нерешени средби.

Главната причина за овие резултати треба да се бара во фантастичното трио на „кралевите“ Роналдо, Бејл и Бензема. Имено тие се задолжени за давањето голови и го прават тоа на најдобар можен начин.

Оваа сезона Роналдо, Бејл и Бензема имаат постигнато повеќе од 70 голови. Во оваа 2014-та година најефикасен е Французинот Бензема кој постигна дури десет голови.

Супериорниот Кристиано Роналдо во лигата на шампионите има постигнато 61 гол, заземајќи го 3-то место на играчи на кои им успеало тоа. Раул е прв со 71, а Лионел Меси втор со 66 гола.

Под водство на искусниот Карло Анчелоти, екипата на Реал Мадрид има постигнато 106 голови на само 38 натпревари. А дури на 20 натпревари во низа немаат примано гол. Икер Касиљас беше совладан по неверојатни 952 минути.
Tags:

Автор:

Ние сме блогери од прва година. Блогот е направен за целите на конкурсот „Кажи Нешто“.

0 коментари:

Post a Comment

 
Copyright © ONLINE ЖИВОТ | Designed by Templateism.com