Sunday, May 18, 2014

Да им помогнеме на нашите браќа! Хуманитарна акција во Делчево

Share & Comment

Како и останатите општински организации на Црвен Крст во Р.Македонија, така и ООЦК - Делчево се вклучи во хуманитарната акција наменета за настраданите од поплавите во Србија и БиХ.


 Така што на:
20.05.2014 (Вторник) од 09:00 до 19:00 часот
23.05.2014 (Петок) од 09:00 до 19:00 часот
во градскиот парк во Делчево и пред ресторант Либеро ќе бидат поставени пунктови за донација на потребните средства. Согласна нивната проценка во моментот има потреба од следнава помош: храна, средства за хигиена, кебиња, бебешка храна, вода за пиење.
Се замолуваат хуманите граѓани на град Делчево доколку се во можност на било кој начин масовно да се вклучат во акцијата. Доколку не сте во можност да донирате во Вторник и Петок, вратите на Црвен Крст се отворени секој работен ден до 15 часот, се до 30.05.2014 (до завршувањето на акцијата). 




Црвениот крст на РМ ги превзема следниве активности за обезбедување на помош :
1. Парична помош преку уплата на жиро сметка Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
2. Донирање на 100 денари со повик на телефоните : 075/070/077 143 400

Однапред ви благодариме на хуманоста!
Tags:

Автор:

Ние сме блогери од прва година. Блогот е направен за целите на конкурсот „Кажи Нешто“.

0 коментари:

Post a Comment

 
Copyright © ONLINE ЖИВОТ | Designed by Templateism.com