Серијата која 9 години беше дел од секојдневието на повеќето од нас, со 9 сезони, заврши неочекувано.
 |
Тед и Трејси во иднината. |
Насловот ветува запознавање на Тед со мајката на неговите деца, но откако ја запознава во последната епизода, се случува нешто неочекувано.
Во сегашноста (2014 година) Лили и Маршал имаат син, Барни и Робин се венчаат а Тед ја запознава Трејси (мајката на неговите деца). Но, со текот на годините, се се менува. Робин и Барни се разведени, Робин станува светски позната новинарка, а Барни има ќерка со девојка која едвај ја познава. Од друга страна Маршал и Лили имаат три деца, додека пак Трејси, сопругата на Тед умира.
Во 2030 година, кога Тед ја завршува приказната за „Како ја запознав мајка ви“, а неговите деца му велат дека мајка им починала пред повеќе години, и е време тој да запознае друга личност. Така, тој ја кани Робин на средба, на сличен начин како нивната прва средба, во нивниот ресторан, со трубата која ја украдоа првиот пат.
0 коментари:
Post a Comment