
Мислејќи дека покрај Алис, најпопуларната девојка од училиштето, ќе успее да започне од почеток е во голема заблуда. Алис е толку добра, убава, дружељубива, што Кетрин мисли дека таа едноставно е совршена. Се додека не се среќава со други од нејзините особини - лакомоста, алчноста, љубомората, себичноста. Но, и покрај се Кетрин наоѓа причина за да остане покрај Алис, оправдувајќи ја секоја нејзина постапка.
Но, кога Алис ќе ја тргне маската, Кетрин ја запознава најмонструозната личност во нејзиниот животот. Но, која е тајната што ја крие Алис и што ја прави толку монструозна? Прекрасен морничав трилер кој нема да го испуштите од раце се додека не ги дознаете сите тајни на јунаците.
0 коментари:
Post a Comment