Пријателите се личностите кои сами ги бираме да бидат дел од нашиот живот и пријателствата навистина траат вечно ако ги негуваме и чуваме. Еве неколку цитати на познати личности кои оставиле голем впечаток:

- „Секој е твој најдобар пријател кога си успешен. Но внимавај луѓето со кои си опкружен да бидат оние со кои не се плашиш да паднеш.“ – Пола Абдул
- „Мојот најдобар пријател е оној кој кога ми посакува сè најдобро го посакува тоа за мое добро.“ – Аристотел
- „Работите никогаш не се толку страшни кога имаш најдобар пријател.“ – Бил Ватерсон
- „Мојот најдобар пријател е оној кој го извлекува најдоброто од мене.“ – Хенри Форд
- „Најдобриот пријател е како детелина со четири лисја. Тешко е да се најде, но среќен си ако ја имаш.“ – Сара Џесика Паркер
Но, тука се и цитатите на непознати луѓе кои ја дознале вредноста на вистинското пријателство
- „Пријателите те честат ручек, најдобрите пријатели го јадат твојот. “ – Непознат автор
- „Непознатиот ти забива нож од напред, пријателот во грб, партнерот во срце, но најдобрите пријатели само се подбуцнуваат со сламка.“ – Непознат автор
- „Најдобар пријател: оној на кого не можеш да му бидеш лут долго бидејќи имаш важни работи кои мора да му ги кажеш.“ – Непознат автор
- „Најдобрите пријатели не мора да разговараат секој ден. Може да не разговарате и со недели, но кога ќе се видите, исто како да не сте прекинале со зборување.“ – Непознат автор
- „Добриот пријател ги знае твоите приказни. Најдобриот пријател ги проживеал заедно со тебе.“ – Непознат автор
- „Најдобри пријатели се оние кои твоите проблеми ги сметаат за свои само за да не мора да минуваш сам низ нив.“ – Непознат автор
- „Најдобриот пријател може да ти ги каже работите кои не сакаш да си ги кажеш самиот.“ – Непознат автор
0 коментари:
Post a Comment